Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на Граѓанинот – Димитар Апасиев, денеска во својот кабинет во Собранието оствари средба со претставници на Здружението „16 март 2025 – Кочани“.

На средбата, како што информираат од Левица, се разговараше за текот на судскиот процес против обвинетите за кочанската трагедија, како и за можностите за продолжување на собранискиот процес за утврдување на политичката одговорност за трагедијата, кој со месеци е заглавен во процедурални пречки.
Беше отворено и прашањето за неделегирањето членови во специјалната Анкетна комисија од страна на владејачкото мнозинство и дел од опозицијата, со што се попречува нејзиното формирање и функционирање.

„Апасиев потсети дека по јавната седница на Постојаната анкетна комисија од 9 декември 2025 година, навремено ги доставил предлог-заклучоците до сите пратенички групи, со очекување тие да бидат разгледани и усвоени на продолжението на седницата. Сепак, продолжението никогаш не беше одржано, поради политичките калкулации на пратениците од власта.
Собранието мора да ја исполни својата институционална обврска и да овозможи продолжување на процесот за утврдување на политичката одговорност за кочанската трагедија.
