Јавен обвинител утрово е известен од судот за случајот со Ива Михаилова, по што веднаш до судот е доставен предлог за определување мерка притвор, информираат од Основното јавно обвинителство.
Михаилова вчера замина во Бугарија, иако против неа во Македонија се води судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици.
„Известен е јавен обвинител од страна на судот утрово и веднаш до судот е доставен предлог за определување мерка притвор“, велат од ОЈО.
