Бугарскиот амбасадор повикан во Министерството за надворешни

Од:

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска го повика бугарскиот амбасадор во земјава, Желјазко Радуков, во врска со случувањата поврзани со Ива Михаилова, при што му беше пренесено дека начинот на кој таа била пречекана во Софија, вклучително и најавите за нејзин прием на високо ниво, претставува провокација и ги подрива напорите за градење доверба и развој на добрососедските односи.

На средбата било нагласено дека ваквото постапување претставува директно навлегување во правниот систем на државата и испраќа сериозно погрешна порака во однос на почитувањето на судските постапки и принципот на еднаквост пред законот.

– Националната припадност или поседувањето друго државјанство не смеат да служат како основа за заштита од одговорност пред надлежните институции – било посочено на средбата, се додава во соопштението.

Од МНРиНТ нагласија дека од Бугарија, како членка на Европската Унија, очекуваат постапување во согласност со основните европски принципи, вклучително и почитување на судските постапки, институционална соработка и владеење на правото.

-На амбасадорот му беше пренесено дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе преземе соодветни чекори за информирање на меѓународните институции, особено институциите на Европската Унија и Советот на Европа. На средбата уште еднаш беше нагласена нашата посветеност на развојот на добрососедските односи, засновани на меѓусебно почитување, доверба и европски принципи, при што истата посветеност и одговорност ја очекуваме и од бугарската страна – се нагласува во соопштението од МНРиНТ.

Ива Михајлова, која во Македонија е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, деновиве избега во Бугарија.

За Михајлова, која има и бугарско државјанство, во сила е активна судска забрана за напуштање на земјата.

Македонското МВР претходно соопшти дека таа нелегално излегла од Македонија и нелегално влегла во Бугарија.

– Преку Заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија, извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полиција, од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Република Бугарија, соопшти попладнево МВР.

Медиумите во Бугарија објавија дека Михајлова се наоѓа во Софија.

Би можело да ве интересира

Судот во Кочани го одби барањето за онлајн судење на Ива Михајлова

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мицкоски финасирал омраза кон Бугарите, обвинителот бил „бугарофоб“ – Ива Михаилова на подкаст во Бугарија

Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михаилова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство

Горан Наумовски

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци

Муцунски за „Ива Михајлова“: Непристојно е земја членка на ЕУ да станува прибежиште за осудени лица

На бегалката Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство