ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Од:

ДУИ бара оставка од заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени и целосно расветлување на случајот со двајца млади на возраст од 21 и 23 години, кои тврдат дека биле физички малтретирани од полициски службеници.

Според нивните изјави, полицајците пукале со огнено оружје, им ги дупнале гумите на автомобилот, го скршиле стаклото, а потоа ги врзале и ги легнале на земја, каде што ги малтретирале. Во интерниот полициски извештај, пак, се наведува дека младите му го одзеле пиштолот на полициски службеник.

ДУИ бара итна, непристрасна и транспарентна истрага, како и одговорност доколку се утврдат прекршувања од страна на полициските службеници.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека министерот наложил Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди да го испита случајот, по медиумските објави за наводното полициско насилство врз двете лица на 7 октомври во Скопје.

Одделот презема мерки за утврдување на фактичката состојба и околностите на настанот, како и за утврдување евентуална одговорност на инволвираните полициски службеници. Од МВР најавија дека по завршувањето на постапката ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законските прописи, а јавноста ќе биде навремено известена.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче