Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

Од:

СДСМ оцени дека премиерот Христијан Мицкоски со своите ставови за односите со Бугарија создава атмосфера што може да ја отежне претстојната средба во Софија и да го забави европскиот пат на земјата.

На денешната прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, се осврна на неодамнешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Скопје, оценувајќи дека со нејзините изјави биле потврдени македонскиот јазик, култура и идентитет.

„Фон дер Лајен потврди дека се зачувани македонскиот јазик, македонската култура и македонскиот идентитет“, рече Жерновски.

Според него, во фокусот сега се реформите, соработката со Европското обвинителство и уставните измени, а не нови услови или нова преговарачка рамка.

Жерновски оцени дека Владата наместо да се фокусира на иднината и европската интеграција, повторно ја отвора темата за минатото и односите со Бугарија.

„Уште пред да се случи средбата, гледаме стратегија на поткопување на таа средба. Премиерот Мицкоски сега нè тера да размислуваме и да зборуваме само за она што се случувало во минатото, наместо да гледаме напред“, рече тој.

Од СДСМ велат дека добрососедските односи се важен дел од европскиот процес и дека политичките пораки пред средбата во Софија треба да придонесуваат за дијалог, а не за зголемување на тензиите.

Жерновски посочи дека СДСМ не ја оспорува историјата, но смета дека со историските прашања треба да се занимаваат историчарите, додека Владата треба да се фокусира на реформите и европската интеграција.

Тој оцени и дека повторното отворање на темата за Бугарија може да послужи како оправдување за евентуалниот застој на европскиот пат.

„Она што сега ќе следи во овој период е повторно иницирање и разгорување на темата Бугарија, злоупотреба на историјата за да се најде ново оправдување за неуспехот којшто го имаме пред нас и зошто оваа Влада не може да направи исчекор кон Брисел“, рече Жерновски.

Тој додаде дека СДСМ ќе продолжи да ја критикува владината политика и да се залага земјата да напредува кон Европската Унија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Уште нема одговор на барањето за средба од Софија

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората

Предраг Петровиќ