Од денеска, забрана за бурка и никаб сите италијански училишта

Од:

Во сите италијански училишта од денеска стапи во сила забраната за покривање на лицето, откако претседателот Серџо Матарела ја потпиша уредбата на десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони, соопшти кабинетот на претседателот.

Според уредбата, лицата на учениците мора да бидат препознатливи, што во пракса значи забрана на исламските покривала што целосно го покриваат лицето, како бурката и никабот.

Од учебната 2027/2028 година се воведува и ограничување според кое во првите одделенија и класови на сите нивоа на образование најмногу 30 отсто од учениците може да бидат деца од странско потекло кои не зборуваат доволно добро италијански.

Квотата се однесува на деца кои немаат италијанско државјанство, не се родени во Италија и не посетувале италијанска градинка најмалку две години. Во средните училишта, учениците мора да имаат најмалку три години образование во Италија за да не бидат опфатени со квотата.

Мерките се донесени со итна уредба, која италијанскиот парламент сега треба да ја потврди во рок од 60 дена.

На родителите кои имаат големи потешкотии со италијанскиот јазик би можело да им биде наложено да посетуваат јазични курсеви доколку поради тоа е отежната комуникацијата со училиштето на нивното дете.

Мелони ги најави мерките на почетокот на септември, а владата набрзо потоа ја одобри уредбата.

Мелони е премиерка на Италија од 2022 година и ја предводи коалициската влада составена од десничарски и конзервативни партии. Миграцијата е една од главните теми на нејзината политика.

Нејзината партија „Браќа на Италија“ (Fratelli d’Italia) е меѓу водечките политички сили во анкетите во пресрет на изборите што се очекуваат следната година. Коалицијата во меѓувреме се соочи со притисок од новоформираната партија „Национална иднина“ (Futuro Nazionale) на поранешниот генерал Роберто Ваначи, која се залага за построг пристап кон миграцијата.

Би можело да ве интересира

Македонец повреден при работа во Италија, пренесен со хеликоптер во болница

Катерина Ѓуровски

Температури до 46 степени во Италија – метеоролозите предупредуваат на „супер тропски ноќи“

А1он

Објавени пораки на италијанските крајнодесничари: Ги споменуваат Хитлер, Евреите, воен удар

Сопругот на италијанската министерка кој исчезна во езеро е пронајден мртов

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Горан Наумовски

Влезот во Венеција може да чини и до 50 евра