ВИДЕО: Експлозија на гасовод кај Дамаск

Од:

Експлозија на гасовод јужно од сирискиот главен град Дамаск синоќа предизвикала прекин на работата на три електрани, соопшти Сириската електроенергетска компанија (SEC).

Електраните Деир Али, Насирија и Тишрин биле исклучени од мрежата по експлозијата на гасоводот кај електраната Тишрин, поради што бил прекинат дотокот на гас потребен за нивната работа.

„Пожарот што избувна по експлозијата сè уште гори“, соопшти компанијата, додавајќи дека специјализирани тимови работат на санирање на инцидентот кај местото ал-Отајбе, југоисточно од Дамаск.

Прекинот на работата на електраните привремено ќе го намали производството на електрична енергија и ќе ги продолжи рестрикциите поради недостиг на расположливи производствени капацитети. Трите електрани пред исклучувањето обезбедувале околу 60 мегавати за сириската електроенергетска мрежа.

Жителите на Гута, во близина на Дамаск, за ДПА изјавиле дека ја слушнале експлозијата, по што виделе пламен во близина на ал-Отајбе. Според нив, нема повредени, но блискиот пат бил затворен за сообраќај.

Портпаролот на Министерството за енергетика, Абдел Хамид Салат, за државната агенција САНА изјавил дека специјализираните тимови успеале да ги затворат вентилите за гас и да го изолираат оштетениот дел од гасоводот кај електраната Тишрин.

Би можело да ве интересира

Откриена тајна на Асад: Сирија имала непријавена нуклеарна програма

Нетанјаху му се закани на Ердоган: „Не сакам да ја видам Турција на југот на Сирија“

„Фокс њуз“: САД за сè беа известени однапред

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нова ескалација на Блискиот Исток: Израел нападна воен аеродром во Сирија

ВИДЕО: Соборениот сириски диктатор Башар ал Асад осуден на смрт во отсуство

ВИДЕО: Израелците нелегално влегуваат во Сирија, сакаат да основаат еврејски населби

Катерина Ѓуровски