ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија

Од:

Во однос на поканата на Каракачанов до лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски за присуство на пренесување на моштите, би посочиле дека посоодветно е поканата да ја испрати до неговите истомисленици Зоран Заев и Венко Филипче. Впрочем да не заборавиме дека Заев беше тој кој велеше дека Бугарите биле ослободители а не фашисти, дека биле администратори, дека македонскиот јазик е после 44та итн. А Венко Филипче и денес има идентичен став со бугарската политика, прво Бугари во Устав, а после се друго.

Тоа се мотивите на една срамна и предавничка политика, јавно етаблирана во Преспанскиот договор и Бугарскиот договор за добрососедство кои се една иста страна од паричката.

Во однос на удирањето во гради со пренесување на моштите на Цар Самоил во Бугарија, ќе потсетиме дека англискиот крал Ричард I е во Франција, иако тоа не го прави французин. Притоа ќе потсетиме и на мудриот потег на Бугарија во минатото кога моштите на Гоце Делчев ги предаваат на Македонија. Добро е да објасни тогаш што е Гоце Делчев за нив и бугарските гласноговорници? За нас, за разлика од Заев, Филипче или Каракачанов вистината е едноставна, а тоа е дека е еден од најсветлите ликови во македонската историја. За жал, таа мудрост ја нема официјална Софија, но истовремено ја поздравуваме возбудата со која Бугарија го почитува делото на Цар Самоил кој има неизбришива трага за Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

Филипче: Со изолацијата од ЕУ Мицкоски изгради ѕид околу земјата – граѓаните ја плаќаат цената