ВИДЕО: Мицкоски бара смена на директорот што го издаде „Македониум“ за спот

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски уште денеска ќе побара разрешување на директорот на Историскиот музеј во Крушево и на членовите на Управниот одбор на оваа институција, кои дозволиле да се изнајми историскиот споменик „Македониум“ за снимање музички спот.

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со овој случај, Мицкоски им се извини на граѓаните за пропустот и рече дека Владата ќе се потруди во иднина такво нешто да не се повтори.

– Ги следев сите реакции. Навистина она што се случило таму е нешто што не требало да се случи. Ќе побарам од министерот за култура да биде разрешен директорот на оваа институција, заедно со Управниот одбор, зашто таков тип институции не треба да бидат изнајмувани и користени за такви намени. Им се извинувам на граѓаните поради пропустот што е направен и се случил. Ќе се трудиме во иднина такво нешто да не се повтори. Уште денеска ќе побарам да бидат разрешени и директорот и членовите на Управниот одбор – потенцира премиерот Мицкоски, кој заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска присуствуваше на пуштањето во употреба на реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје.

„Македониумот“, кој е заштитено културно наследство на државата, за сума од 500 евра бил отстапен на продукцијата на косовскиот рапер Дон Џони за снимање делови од спотот за неговата песна „Секси мама“.

Би можело да ве интересира

Мерките за горивата ќе го чинат Буџетот 6-7 милијарди, можен нов ребаланс

Директорите да внимаваат за што изнајмуваат објекти – Сулејмани за снимањето на „Секси мама“ во Македониум

Катерина Ѓуровски

Филипче: Со изолацијата од ЕУ Мицкоски изгради ѕид околу земјата – граѓаните ја плаќаат цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Во преговорите со Бугарија, логично е присуството на ЕУ

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: СДС е против се, а е само за марихуана економија во Македонија