Филипче: Со изолацијата од ЕУ Мицкоски изгради ѕид околу земјата – граѓаните ја плаќаат цената

Од:

ретседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање денеска рече дека политиките на Христијан Мицкоски ја водат земјата во изолација од ЕУ, а последиците ги чувствуваат граѓаните преку падот на животниот стандард, високите цени и заминувањето на младите.

„Не му проаѓаат повеќе лагите на премиерот. Изгради ѕид околу земјата“, изјави Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање за посетата на Фон дер Лајен и барањето на Владата за вклучување европски претставник во разговорите со Бугарија, Филипче оцени дека Мицкоски нема намера да го продолжи европскиот пат на државата.

„Едноставно, човекот нема намера да го продолжи Европскиот пат на земјата“, рече Филипче и предупреди на последиците од пропуштањето на актуелната можност за напредок кон Европската Унија.

„Ако оваа шанса не се искористи, кој знае дали ќе имаме втора шанса. Нацртан им е патот на четирите земји. Две од нашето соседство, тоа се Албанија и Црна Гора, еве Украина и Молдавија. Што ќе правиме? Има ли план, премиерот? Вака ќе бидеме изолирани“, истакна Филипче.

Тој посочи дека претставувањето на Мицкоски како заштитник на националните интереси е спротивно на последиците од неговите погрешни и антинационални политики. Потсети и на ветувањата за враќање на името и менување на Преспанскиот договор.

„Сите негови лаги паднаа во вода. Ќе го враќаше името, ќе го менуваше Преспанскиот договор. Што излезе? Дека го потврди Преспанскиот договор, дека е добар“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Во преговорите со Бугарија, логично е присуството на ЕУ

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: СДС е против се, а е само за марихуана економија во Македонија

Левица: Клеветите на Филипче и Мицкоски не ја менуваат нашата позиција ниту го бришат нивното минато и денешната реалност во Македонија

Претседател на фиктивни картички за гласање испазарен со ВМРО-ДПМНЕ, Платформата му одговори на Филипче

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски