Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Од:

Пукната топловодна цевка утрово предизвика поплавување на првиот кат од зградата на поранешно НИП „Нова Македонија“, каде се сместени повеќе државни институции.

Поради навлегувањето вода и ризикот од оштетување на електричните инсталации, од безбедносни причини е исклучена електричната енергија во целиот објект.

Поради прекинот на струјата, не работат лифтовите, компјутерските системи и серверите, што го отежнува функционирањето на институциите сместени во зградата.

На терен се ангажирани технички екипи кои работат на испумпување на водата, отстранување на последиците и санација на дефектот.

Според првичните проценки, можно е објектот да остане без електрична енергија и во наредните денови, во зависност од степенот на оштетувањата и времето потребно за безбедно повторно активирање на електричната мрежа.

Во објектот се сместени повеќе институции, меѓу кои Министерството за образование и наука, Државниот просветен инспекторат, Државната изборна комисија, делови од Министерството за економија и труд, како и други агенции и управи.

Би можело да ве интересира

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Катерина Ѓуровски

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија