(ВИДЕО) Силна бура зафати делови на САД: откажани стотици летови, илјадници без струја

Од:

Силно невреме во текот на викендот го зафати источниот брег на САД, од Вашингтон до Мејн, при што беа откажани повеќе од 400 летови, а во еден момент без електрична енергија останаа повеќе од 100.000 домаќинства и деловни објекти.

Според податоците на сервисот за следење на прекини во снабдувањето со електрична енергија PowerOutage.com, во саботата во 21:37 часот по локално време, повеќе од 73.000 домаќинства и деловни објекти во Конектикат, Њујорк, Масачусетс, Њу Џерси, Род Ајленд и Пенсилванија сè уште биле без струја.

Во Њујорк и Конектикат поединечно биле регистрирани повеќе од 20.000 објекти без електрична енергија.

Претходно во текот на денот, во Конектикат, Њујорк, Пенсилванија и Њу Џерси биле регистрирани вкупно повеќе од 100.000 прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Поплави зафатија делови од Њу Џерси, од округот Берген на северот до Кејп Меј на јужниот дел од државата. Во неколку крајбрежни места биле спроведени доброволни евакуации.

Стадионот „Метлајф“ во Ист Радерфорд соопшти дека концертот на рок-групата AC/DC, кој требало да се одржи во петокот, е одложен за 2 октомври.

Според податоците на сервисот FlightAware, до 21:50 часот по локално време во саботата биле откажани 445 летови поврзани со аеродроми во САД, додека 3.016 летови доцнеле.

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) предупреди дека невремето до понеделник ќе носи крајбрежни поплави, опасни морски струи, силни налети на ветер и обилни врнежи во регионите на Средниот Атлантик и Нова Англија.

Гувернерите на Њујорк и Њу Џерси во петокот прогласија вонредна состојба во окрузите за кои се очекуваше да бидат најпогодени, меѓу кои и Њујорк.

Гувернерот на Конектикат го активираше државниот центар за управување со вонредни ситуации.

Би можело да ве интересира

Колапс на системот: Кина итно побара од САД да престанат

(ВИДЕО) Американската војска има ново оружје: Погодува со брзина на светлината

Предраг Петровиќ

Трамп го пречека Си во Вашингтон: Почна историската средба

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

САД ја одбија понудата на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец: „Не го контролирате“

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау