(ВИДЕО) Студенти од Србија нападнати во Вишеград: Непожелни се во Република Српска

Од:

Студентското движење од Србија, кое учествува на претстојните избори во земјата, во изминатите денови престојуваше во градови во Република Српска и во Брчко-дистриктот во рамки на иницијативата „Студент во секое село“.

За време на посетата на Вишеград дојде до инцидент, а целата ситуација е снимена.

На почетокот на видеото се гледаат четворица студенти како држат плакат „Студент на маса – наврати на разговор“. Во еден момент им приоѓа маж кој снима со телефон и ги прашува: „Што ни нудите?“

Набргу им приоѓаат уште двајца мажи, кои го кинат плакатот и им упатуваат навредливи зборови на студентите.

Мажот кој го снима инцидентот продолжува со вербални провокации, иако студентите се обидуваат да му објаснат дека дошле за да ја претстават Студентската листа и нивната изборна програма.

Потоа ги прашува за нивниот став кон Ратко Младиќ и бара од нив да кажат дали тој е „злосторник или херој“.

„Јас сум од Сребреница. Мислиш ли дека во Сребреница имаше геноцид? Покажете ни како се скока! Она ‘кој не скока, тој е чаци’“, им вели тој.

Во продолжение им порачува: „Да не беше Ратко Младиќ, немаше да ве има ни вас“.

Во еден момент приоѓа постара жена која застанува во одбрана на студентите и му порачува дека тие немаат никаква врска со неговите прашања.

Подоцна пристигнува и полицијата, која разговара со девојката на која ѝ е искинат плакатот.

Иако дел од граѓаните ги поздравуваат студентите и им даваат поддршка, инцидентот во Вишеград предизвика внимание поради начинот на кој беше пречекана групата.

Студентите претходно ја откажаа турнејата низ БиХ поради инциденти на неколку нивни собири.

„Од почетокот на нашите најавени разговори во повеќе градови се соочувавме со опструкции, постапување на полицијата и провокации од локални лица. По сето она што се случи, проценивме дека во овие околности повеќе не можеме одговорно да ја продолжиме акцијата“, соопштија од студентското движење.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рама во центарот на хаосот во Њујорк: Демонстранти го гаѓаа со јајца и му викаа

Вучиќ со Лавров во Њујорк: „До крајот на септември ќе потпишеме нов договор за гасниот аранжман со Русија“

Цвијановиќ по средбата со Сузи Вајлс: „Пред нас дефинитивно е подобро време“

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Србија отвори фабрика за израелски дронови, најавени уште три низ земјата

Селф: Не е исклучена можноста за распад на БиХ