Левица ќе присуствува на трибината на Платформата „12:05“ – со своја позиција во разговорот за следната политичка фаза

Од:

Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, денеска во име на Партијата ќе учествува на јавната трибина на платформата „12:05“ – „Што по 35 години?“, посветена на политичкиот систем, наследството од изминатите три и пол децении и прашањето што следува понатаму.

Левица денес е консолидирана парламентарна сила со сопствен политички капацитет, јасно препознатлив левичарски идентитет и носител на опозицискиот простор. Оттука, нашите позиции неминовно се дел од секоја расправа за тоа како треба да изгледа следната политичка фаза во државата.

Во услови кога досегашниот модел очигледно ги покажа своите слабости, Левица влегува во ваквите разговори со тежина стекната преку сопствено политичко делување, опозициска активност и континуирано присуство во јавните конфликти со власта. Дебатите за идниот политички правец на Македонија неминовно ја вклучува и позицијата што Левица ја застапува.

Како што најавивме и претходно, ова е дел од разговорите коишто Левица ги води и ќе продолжи да ги води со различни опозициски и општествени чинители, од позиција на сопствен политички интегритет и стекнат легитимитет, наведуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он

Левица: Работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата