Белата куќа му забрани на Си-Ен-Ен да патува со Трамп во „Ер форс 1“

Од:

Белата куќа му забрани на Си-Ен-Ен во саботата да патува со претседателот Доналд Трамп со „Ер форс 1“ до Ноксвил, Тенеси, со што повторно се отвори прашањето за односот на Белата куќа кон медиумите.

Според две лица запознаени со одлуката, кои зборуваа под услов на анонимност, забраната доаѓа само еден ден откако федерален судија привремено му го врати на Си-Ен-Ен пристапот до комплексот на Белата куќа. Покрај Си-Ен-Ен, минатата недела пристапот им беше ускратен и на MS NOW и Politico.

Одлуката директно го погодува системот на ротирачки телевизиски пул, кој беше обновен дури во петокот по краткиот прекин. Во групата се и ABC, CBS, NBC и Fox News, а заедничкото следење на активностите на Трамп продолжи по неколкудневниот прекин предизвикан токму од забраната за Си-Ен-Ен.

CBS во петокот беше главен телевизиски известувач и ги снимаше настаните со кинескиот претседател Си Џинпинг, освен еден дневен настан во Националниот архив, за кој како известувач беше одреден Си-Ен-Ен.

По објавувањето на информацијата, портпаролката на Си-Ен-Ен ги потврди наводите на „Вашингтон пост“. Од Белата куќа не стигна одговор на барањето за коментар, но во распоредот за саботата, испратен доцна во петокот, не беше наведен примарниот телевизиски известувач за тој ден.

Телевизискиот пул претставува модел на здружување и соработка меѓу различни телевизиски куќи и медиумски агенции за собирање и размена на видеоматеријали од одредени настани.

Традиционално, кога претседателот на САД патува, новинарите и техничкиот персонал на медиумите кои тој ден се на ред за известување редовно се качуваат во задниот дел од претседателскиот авион за да го следат патувањето и да ја информираат јавноста.

Би можело да ве интересира

Руските компании сè почесто сами ги штитат објектите од украински дронови

ВИДЕО: Читачка на усни откри што наводно зборувале Венс, неговата сопруга и Иванка Трамп за време на пречекот на Си

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американската војска има ново оружје: Погодува со брзина на светлината

Предраг Петровиќ

Трамп го пречека Си во Вашингтон: Почна историската средба

Предраг Петровиќ

„Голем скандал“ ја тресе Америка: Кина дошла до чувствителна технологија од ловецот F-35

Судија му нареди на Трамп да ги врати CNN и Politico во Белата куќа

Катерина Ѓуровски