Филипче: Се сомневам дека оваа влада воопшто сака да го продолжи европскиот пат

Од:

Се сомневам дека оваа Влада воопшто сака да го продолжи европскиот пат, порача претседателот на СДСМ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, д-р Венко Филипче, на денешната средба со делегацијата на Сенатот на Француската Република во Собранието. Филипче, посочи дека Владата нема вистинска желба да го продолжи европскиот пат на државата и укажа дека времето поминува, а Македонија ризикува да остане надвор од процесите што веќе се отвораат за други земји.

Во обраќањето, тој укажа дека власта две години ветува подобра преговарачка позиција и гаранции за европскиот процес, но граѓаните сè уште не гледаат конкретен резултат.

„Оваа власт дојде со едно ветување дека нашата преговарачка позиција со Европската Унија ќе ја подобри и ќе обезбедат некакви гаранции и предвидливост на процесот на преговори, укажувајќи дека многу пати во минатото сме испорачале и потоа немало помрднување на процесот на евроинтеграции, се нови и нови барања, осврнувајќи се на последното барање во делот на Бугарија, тоа што сме го постигнале како договор со Европската Унија, Апсолутно ги поддржуваме ако има воопшто обиди таа преговарачка позиција да се подобри. Зошто кажувам ако има, затоа што до сега, барем, не гледаме дека има некој резултат. Од високите европски функционери, председателот на Европската Комисијата, Антонио Кошта, неколку пати тука во земјава, кажа дека има само план А, нема план Б за интеграција на земјата“, рече Филипче.

Тој додаде дека се поставува прашањето до кога Владата ќе се обидува да обезбеди гаранции, бидејќи додека Македонија стои во место, други земји веќе добиваат јасен пат кон следните чекори и членството во Европската Унија, а земјата ризикува да остане и надвор од европските финансиски процеси.

„Во најавата на претседателката Фон дер Лајен за четири земји веќе е изгледен патот кои се следните чекори и членството, заклучно со крајот на овој мандат на Европската комисија, тоа се од регионот Црна Гора и Албанија, понатаму Молдавија и Украина, нас нè нема. Прашање е дали ќе влеземе во буџетирањето од Европската Унија.Верувам дека на крајот на месецот ќе ја слушнеме предсателката на Европската Комисија. Една од работите која што веројатно она ќе ги дискутира е дека нема да има веќе ниту ИПА механизм, значи нема да има пререзервирани средства, што е ризик за нас “ рече Филипче.

Претседателот на СДСМ изрази сомнеж дека Владата воопшто има вистинска европска ориентација и волја да го продолжи процесот.

„Се постава опрашањето до кога оваа Влада ќе се обидува, ако воопшто се обидува, имајќи предвид од овие работи кои што ги кажав. Лично имам сомнеж дека воопшто има европски тенденции, желба да се продолжи евроинтегративниот пат“ рече Филипче.

Филипче порача дека СДСМ останува посветен на европскиот пат и дека Франција останува традиционален пријател и поддржувач на Македонија.

„Ние остануваме посветени на европскиот пат. Знаеме дека Франција е наш традиционален пријател и знаеме, убедени сме дека таа поддршка ќе продолжи и во иднина“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Недостигаат милијарда евра за исплата на пензии

Филипче: Една недела Мицкоски на екскурзија во САД, а ниту една конкретна средба или резултат за Македонија

Катерина Ѓуровски

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

Филипче: Нашиот стратешки партнер САД ја намали воената помош за земјата зашто знае каква власт нè води

Рокас: Фон дер Лајен се надевам ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата