Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Од:

Процесот на пристапување на Северна Македонија кон Европската Унија е европско прашање и треба да се разгледува во рамките на европските институции, во согласност со воспоставените правила и процедури. Ова се наведува во позицијата на бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова.

Реакцијата од Софија следува откако македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски изјави дека за Северна Македонија е важно Европската Унија да биде вклучена во сите идни разговори со Бугарија.

Муцунски посочи дека присуството на ЕУ би можело да биде обезбедено преку институциите на Унијата или преку поединечни земји членки. Според него, вклучувањето на уште една страна во процесот би можело да помогне во градењето доверба меѓу Скопје и Софија, за која оцени дека во моментов недостасува.

Од бугарското Министерство за надворешни работи наведуваат дека Бугарија ја поддржува работата на Европската комисија со секоја од државите кои преговараат за членство, а постигнатите резултати ги оценува во рамките на Европскиот совет.

Во позицијата се истакнува дека добрососедските односи се суштински дел од процесот на пристапување кон ЕУ и услов за напредок кон членство во Унијата. Оттаму додаваат дека тие се и основна претпоставка за градење доверба.

„Бугарија секогаш била и останува отворена за конструктивен дијалог со Република Северна Македонија“, се наведува во позицијата.

Од Софија посочуваат и дека повеќе земји кандидати постигнуваат значителен напредок во исполнувањето на преземените обврски, и покрај сложената безбедносна средина.

„Очекуваме Република Северна Македонија исто така да ги исполни преземените обврски и да ги започне потребните промени за да продолжи напред по својот европски пат“, се наведува во позицијата.

Би можело да ве интересира

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк

Пет земји ставија печат на застојот во преговорите на Црна Гора со ЕУ

Има очекувања на некои радикални елементи во нашата структура за повлекување од меѓународни договори и преговори – тоа би било идеално доколку сме ние сами на овој свет, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Марта Кос: Македонија мора да го исполни ветувањето и да ги внсе Бугарите во уставот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп жестоко и се закани на Европа поради Канада

Катерина Ѓуровски

Николоски: Не може превозниците да бројат денови, часови и минути поминати во камионот, проблемот мора да се реши

Катерина Ѓуровски