Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.
„Отворен и содржаен разговор со министерот Сергеј Лавров за енергетската безбедност во контекст на општата глобална криза во овој сектор, при што изразив надеж дека до крајот на септември ќе потпишеме нов договор за гасниот аранжман со Руската Федерација.
Разговаравме и за билатералните односи, зајакнувањето на економската соработка, како и за геополитичките случувања во светот и значењето и улогата на ОН во сложеното глобално опкружување“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
