Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан, во Њујорк имаа средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас.

– Остваривме средба со Каја Калас, на која беа разменети мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за понатамошно зајакнување на соработката и заедничките приоритети насочени кон стабилен, безбеден и просперитетен регион, објави премиерот Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој учествува на Генералното собрание на ОН во Њујорк, претходно учествуваше на состанокот на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан, а имаше средби и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како и со премиерот на Косово, Албин Курти.

Мицкоски учествуваше и на панел-дискусијата на високо ниво „Reaffirming the promise of peace: using the power we have“, чиј домаќин во Њујорк беше претседателот на Финска, Александар Стуб, на која се разговараше за важноста на мирот, дијалогот, одговорното лидерство и улогата на државите и меѓународните институции во справувањето со глобалните предизвици биле темите на кои се разговарало на

Мицкоски воедно оствари и средба и разговор со претседателот Стуб, на која е истакнато значењето на почитувањето на меѓународното право, силната мултилатерална соработка и потребата од градење стабилна и безбедна Европа.

– Македонија останува посветен партнер во напорите за мир, стабилност и соработка, како членка на НАТО и земја стратешки определена кон европската интеграција, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Македонската делегација ќе присуствува на состанокот на ЕУ со балканските земји во Њујорк

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

А1он

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Филипче: Една недела Мицкоски на екскурзија во САД, а ниту една конкретна средба или резултат за Македонија

Катерина Ѓуровски

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк

Мицкоски објави дека разговарал со Марко Рубио

Катерина Ѓуровски