Од 12 пациенти со западнонилска треска на Инфективна, тројца се на интензивна со кислородна поддршка

Од:

Од 19 септември нема нови случаи на хоспитализација на Клиниката за инфективни болести. Значи, четврти ден нема нови случаи. Во моментот има 12 хоспитализирани пациенти на Клиниката. Од нив, тројца се на интензивна нега и на кислородна поддршка, меѓу кои е и пациентот кој одамна е хоспитализиран и неизвесна е неговата здравствена состојба – изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Тој посочи дека, без или со епидемија, ги преземаат истите мерки, истиот сет на активности, кои продолжуваат и натаму, и се врши дезинсекција во местото на живеење на пациентите кај кои е потврден вирусот изминатата недела. Во меѓувреме, појасни, заврши последното прскање во Скопје и веројатно кога ќе ги сумираaт резултатите, ќе ги презентираат пред јавноста бидејќи Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) направи уште една вонредна контрола на територијата на цела Македонија во врска со прскањето.

– Ќе ги сумираме тие резултати. Многу е тешко да се предвиди бидејќи периодот на инкубација е од два до 14 дена. Имаме општини во кои воопшто не е прскано и нема ниеден случај. Општините што се во Повардарието треба да бидат попретпазливи. Има општини кои се меѓу трите во кои има најмногу прскања и има случаи на западнонилска треска. Веројатно, треба да ги споредиме искуствата од дома и во Грција и да видиме што подобро прават тие. Во еден разумен период од три до пет години треба да го напуштиме аеропрскањето и да преминеме комплетно на прскање од земја. Периодот е неопходен бидејќи треба да се подготви механизацијата за тој тип на работа. Има уште неколку искуства од Грција, кои се добри да се применат. Работиме на нив со Центарот за јавно здравје, со Институтот за јавно здравје – рече Клековски.

Истакна дека ќе треба да се засилат и одредени казнени мерки за општините што не постапуваат по лаборатите што им се одобрени од страна на центрите за јавно здравје, иако тоа не е во Скопскиот Регион, и со тие мерки треба да исклучат дека нема случаи ниту во Богданци, ниту во Валандово, ниту на други места.

Би можело да ве интересира

Завршени се надзорите за родилката која остана неподвижна и медицинската сестра која го загуби плодот

Уште еден починат од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани има само шест пациенти

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западнонилска треска, осум починати – сите се мажи

Горан Наумовски

Осма жртва од западнонилска треска

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи