Актерот Тони Михајловски е годинашен лауреат на 18. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, кој се одржува во Крива Паланка.
Михајловски повеќе од три децении е дел од македонската театарска, филмска и телевизиска сцена, а во текот на кариерата оствари бројни улоги по кои е препознатлив кај публиката.
Настапувал во повеќе значајни македонски филмови, меѓу кои „Џипси меџик“, „Буре барут“, „Збогум на 20-тиот век“, „Балканкан“, „Панкот не е мртов“, „Парада“, „Трето полувреме“ и „До балчак“. Добитник е на повеќе актерски признанија, меѓу кои и наградата за животно дело „Петре Прличко“.
Во чест на годинашниот лауреат, на 28 септември во 12 часот во салата на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи свечена академија посветена на неговото творештво.
издание на фестивалот ќе донесе театарски претстави и средби на актерски и театарски автори, со што Крива Паланка и годинава ќе биде домаќин на фестивалската театарска програма.
Фестивалот го организира Здружението за промоција на театарската уметност „Театарски фестивал“ од Крива Паланка, во соработка со НУ Центар за култура Крива Паланка, а под покровителство на Општина Крива Паланка и Министерството за култура и туризам.
