ВИДЕО: Македонија не е ловечки парк за богати девијантни странци, Анима Мунди бара итна истрага и реакции

Од:

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ бара итно институционално постапување по објавените снимки од Националниот парк „Маврово“, на кои, според здружението, се гледа убивање дивокози и последователно постапување со телото на животното.

Од „Анима Мунди“ велат дека ваквите случаи отвораат прашања за начинот на кој се спроведува заштитата на дивиот свет во заштитените подрачја, како и за тоа кој ги овозможил и контролирал активностите прикажани на снимките.

„Анима Мунди“ го осудува убивањето диви животни за трофеј, забава или комерцијални цели и наведува дека заштитените животни мора да имаат реална, а не само формална заштита.

Здружението ја поддржа иницијативата на „Еко-свест“ и другите еколошки организации за итно институционално постапување и бара целосна истрага, транспарентност и утврдување на одговорност.

Од „Анима Мунди“ истовремено бараат воведување мораториум на активности што би можеле да ги загрозат природните вредности на подрачјето, сè додека не се воспостави, како што наведуваат, функционален систем за заштита на Маврово.

„Маврово не е ничиј трофеј. Дивите животни не се плен. Природата не е на продажба“, порачаа од здружението, повикувајќи ги Владата и надлежните институции да преземат итни мерки.

Би можело да ве интересира

Националниот парк Маврово заглавен во правна неизвесност: потребна е итна интервенција од Министерството и Владата

ВИДЕО: Туристи во костими за капење се качуваат на црквата „Св.Никола“ во Мавровското езеро, предизвикаат жестоки реакции

Катерина Ѓуровски

Aнима Мунди: Кој може да гарантира било чија безбедност во ЗОО Скопје?

А1он

Уапсете ги сите организатори и учесници ако сакате да покажете дека не сме тиња од држава

Предраг Петровиќ

Во НП Маврово поставени 60 камери за видеонадзор

Кучиња со маркички од Албанија во Скопје – се алармира на организирано носење глутници во главниот град