ВИДЕО: Напади врз воен аеродром и рафинерија во Русија

Од:

Украинските сили синоќа наводно го нападнале воениот аеродром во руската Ростовска област, додека во рафинерија за нафта во Јарославската област избил пожар по напад со дронови, објави „Киев Индипендент“.

Каналот „Exilenova+“ објави видеоснимка за која тврди дека го прикажува моментот на ударот врз воениот аеродром.

Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, на Телеграм објави дека руските сили во текот на ноќта одбиле воздушен напад. Според него, дроновите биле уништени над Милеровскиот и Каменскиот округ, а во моментот на објавата немало информации за жртви или материјална штета.

Во Ростовската област се наоѓаат повеќе руски воени воздушни бази, кои во повеќе наврати биле цел на украински напади. Кон крајот на август Украина го нападна воениот аеродром Милерово, при што украинските Сили за беспилотни системи соопштија дека биле уништени неколку руски радарски системи и оштетена авијациската инфраструктура.

Во меѓувреме, медиумски канали на Телеграм известија за дронови над индустриската зона на рафинеријата за нафта во Јарославската област. Подоцна беа објавени и снимки од објектот во пламен по експлозиите.

„Киев Индипендент“ наведува дека не можел независно да ги потврди овие информации, ниту да го процени обемот на евентуалната штета. Украинската војска засега официјално не ги коментирала нападите.

Нападите врз руската нафтена инфраструктура се дел од пошироката украинска кампања со беспилотни летала насочена кон воени и енергетски објекти на руска територија.

Би можело да ве интересира

Таен обид за мировни преговори меѓу Русија, Украина и САД во 2023 : Путин прифатил дел од планот, Зеленски одбил територијални отстапки

ВИДЕО: Русија го нападна Киев со балистички ракети, една жртва

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масакар во Дњепар: Русите погодија железничка станица, најмалку 13 мртви

Русија: Ќе разговараме за прекин на огнот само со Украина и САД, но не и со Европа

ВИДЕО: Украинците испратија над 600 дронови на Москва

ВИДЕО: Масовен руски напад врз Киев, погодени студентски дом, продавници, метро, ​​болница

Катерина Ѓуровски