По апсењето на дело на помошник-директорот на Царинската управа, под сомнение дека примил 17.500 евра поткуп, во јавноста се појави нова информација која бара итен одговор од полицијата. Дали е точно дека во моментот на апсењето, веднаш зад возилото на уапсениот се наоѓало возилото на заменик-директорот на Царинската управа, Мустафа Даути?, соопштија попладнево од опозициската ДУИ.
Прашуваат : Доколку е така, бараме МВР јавно да појасни: Кој се наоѓал во тоа возило? Зошто возилото на заменик-директорот на Царинската управа се наоѓало на местото и во моментот на апсењето? Дали Мустафа Даути или лицата кои се наоѓале во неговото возило биле испрашувани? Дали се истражува дали случајот со 17.500 евра е поврзан и со други лица во хиерархијата на Царинската управа?“.
„Кога службено лице е фатено на дело при примање поткуп поврзан со тендер, истрагата не смее да заврши само кај лицето кое ги примило парите. Мора да се расчисти целиот синџир: кој го организирал, кој знаел и кој стоел зад него. МВР и Обвинителството имаат обврска да ѝ дадат на јавноста јасни и целосни одговори“ е ставот на ДУИ.
