ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Од:

– Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ, доколку во Собранието има такво барање, да се оди на предвремени парламентарни избори. Подготвеноста решенијата да се бараат преку институциите и преку волјата на граѓаните е одговорност што треба да се поздрави – велат од ДУИ преку соопштение.

ДУИ континуирано ја истакнува потребата од стабилна, функционална и легитимна влада, која ќе ја одразува политичката волја и легитимитетот на најголемите заедници во земјата. Институционалната стабилност и правичната застапеност се предуслови за справување со предизвиците со кои се соочува земјата.

Во таа насока, политичката подготвеност да им се врати на граѓаните правото на збор преку предвремени парламентарни избори, ДУИ ја оценува како сериозна и институционална можност, ставајќи го во преден план интересот на граѓаните, политичкиот легитимитет и долгорочната стабилност на земјата, велат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски