Ова е арамиска власт, власт која не се грижи за граѓаните, туку е загрижена исклучиво за својот џеб, за своите бизниси и за партиските криминални тендери, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
„Дали очекувам да го прифатат прелог законот, не очекувам и мислам дека нема да го прифатат. Зошто? Затоа што не им е гајле. Затоа што не се грижат за граѓаните, затоа што се загрижени ексклузивно за својот џеб, за своите бизниси, за партиските криминални тендери, за што ќе следи одговорност. Да знаат дека ќе одговараат, да знаат дека нема никаде да избегаат“, рече Филипче.
Филипче посочи дека токму затоа е потребно силно и независно правосудство, кое ќе обезбеди одговорност за злоупотребите и криминалните зделки.
„Единствен начин на којшто можеме да почнеме да ја враќаме довербата во правосудниот систем, е тоа тука да има европско правосудство. И тоа е една од причините зашто власта бега од преговорите со Европа, зашто не сакаат европско правосудство. Зашто тогаш нема да може да има вакви криминални договори со Дејвид Гета. Пет милиони евра народни пари, за коишто сакаат да ги скријат. Зашто тогаш нема да може да се краде на партиски наместени тендери по сите министерства, близу 200 милиони евра до сега во изминатите две години. Партиски фирми, блиски нивни луѓе. Меѓутоа и тие конекции ќе излезат на површина. И за тие матни бизнис зделки на сметка на граѓаните ќе одговараат и ќе ги враќаат парите. Ова е арамиска власт. Овие луѓе се дојдени да крадат пари, ништо друго“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
