Уште еднаш се потврди, арамијата Мицкоски штом отвори уста – ги лаже граѓаните. Дури и неговата портпаролка на Владата го демантираше на прес конференција. Тоа вчера сите го видоа. Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски, за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари. Се потврди се она што претседателот Филипче и СДСМ го говорат од самиот почеток. Преку АД Државна Лотарија, која е 100% државна компанија, над 5 милиони евра се потрошени а никој не знае каде и за што. Откако призна дека не се „0 денари“ туку над 5 милиони евра, Мицкоски сега треба да излезе и јавно да објави каде завршија парите на граѓаните, изјави Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ.
– Кои компании добиле милиони евра народни пари, врз основа на кои критериуми? Како била избрана Комисијата од 3 члена во АД Лотарија која требала да одлучува за избор на фирма за прославата? Особено што претседателот таа комисија се јавува и како автор на оркестрациите и аранжманите на концертот. Врз основа на кои критериуми се договарани фирми – ќерки да добијат милиони евра народни пари преку Државна лотарија? Колку милиони евра се потрошени за провизии и проценти?
Ова е една голема проневера на пари, арамиски концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група. Се лажат граѓаните дека чинело „0 денари“, се кријат информации, се манипулира додека милионски суми завршиле во нечии џебови. Мицкоски веднаш да ги објави сите исплати, граѓаните коишто платија 5 милиони евра нивни пари да знаат кој, колку пари добил и за што, вели Кузеска.
