(ВИДЕО) Русија повторно го нападна Киев: Погодена е деветкатница, има повредени

Од:

Руските сили во текот на 24 часа изведоа голем воздушен напад врз повеќе делови на Украина, кој кулминираше со нови удари врз Киев во раните утрински часови во петокот, 11 септември. Во најновиот напад, според првичните информации, беа повредени најмалку две лица, а избувна и пожар во деветкатна станбена зграда во Киев. Подоцна бројот на повредени беше зголемен на осум.

Нападот следуваше по смртоносниот бран руски удари низ Украина во четвртокот, во кои загинаа седум лица, а повеќе од 120 беа повредени.

Во најновиот напад била погодена станбена зграда во Днипровскиот округ на Киев, соопшти Киевската градска воена управа. Украинските воздухопловни сили претходно предупредија дека кон престолнината се движат руски беспилотни летала со млазен погон.

Екипи на итната помош излегле на терен кај деветкатницата, каде што избувнал пожар. Најмалку две лица биле повредени, според првичните информации.

Нападот следуваше по руските удари изведени во четвртокот врз градови и населени места низ Украина, меѓу кои Павлоград, Днипро, Краматорск, Суми, Запорожје, Одеса и Киев. Најмалку седум цивили загинаа, а повеќе од 120 луѓе беа повредени, меѓу нив и деца.

Би можело да ве интересира

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Русија ѝ се закани на Австрија