Трамп предупредува: „Демократите ќе уништат сè што изградивме“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека победата на демократите на претстојните избори за Конгресот би ги загрозила достигнувањата на неговата администрација и – како што се изрази – би ѝ нанела тешка штета на земјата.

„Ако демократите дојдат на власт, ќе уништат сè што сме изградиле. Ќе ја уништат нашата земја“, рече Трамп на Националната конвенција на Републиканската партија во Далас.

Американскиот претседател ги повика поддржувачите на републиканците масовно да излезат на гласање и да гласаат како на гласачкото ливче да стои неговото име.

„Морате да гласате како јас лично да се кандидирам“, рече Трамп, нагласувајќи ја важноста од задржување на републиканското мнозинство во Конгресот за спроведување на агендата на Белата куќа.

Изборите на средината од мандатот ќе се одржат на 3 ноември, при што американските граѓани ќе одлучуваат за новиот состав на Претставничкиот дом и ќе пополнат 33 места во Сенатот. Исходот од гласањето би можел одлучувачки да влијае врз способноста на Трамп да ја спроведе политичката агенда на неговата администрација во остатокот од неговиот мандат.

Во разговор за „Фокс њуз“ на маргините на конвенцијата, Трамп се осврна и на политиката кон Иран. Кога водителката Лора Ингрем забележа дека дури и некои неоконзервативци повикуваат на порешителен ангажман на САД, претседателот одговори дека неговата воздржаност можеби се должи токму на претстојните избори. За време на конвенцијата, Трамп низ шега изјави и дека е „уморен од политика“. Најавувајќи пократко обраќање, тој рече дека не сака да го повторува говорот што го одржал првиот ден од собирот и им предложи на присутните повеќе да се фокусираат на музиката.

Американскиот претседател претходно вети дека секој Американец ќе добие 5.000 долари доколку републиканците победат на ноемвриските избори.

На митингот во Далас, Трамп ги претстави изборите како одлучувачка политичка битка за идниот правец на Соединетите Држави, изјавувајќи дека на демократите не смее да им се даде шанса да го поништат она што го постигнала неговата администрација.

Би можело да ве интересира

Иран им нанесе голема штета на Американците во Бахреин: „Немавме каде да се закотвиме“

(ВИДЕО) Трамп нуди „дивиденда“ од 5.000 долари ако републиканците го задржат Конгресот

„Политико“: Вашингтон молчи додека Британија и сојузниците воведуваат санкции за израелските доселеници

Ескалација во Ормутскиот теснец: Експлозии во Сирик, Минаб и Кешм

Горан Наумовски

САД ја заоструваат трговската војна со Канада: Трамп забрани увоз на пиво, алкохол, мотоцикли и млечни производи

A1on

Лондон подготвува санкции за израелските населби, Трамп не се спротивстави