(ВИДЕО) Русите погодија трговски центар полн со луѓе – најмалку четворица загинаа

Од:

Во руски напад врз трговски центар во Павлоград, град во Днепропетровската област, загинаа четири лица, а повеќе од 60 се повредени.

Нападот врз центарот на градот е извршен сред бел ден, а информацијата ја потврдија украинските власти, пишува „Правда“.

Министерот за внатрешни работи, Иван Вихивски, ги објави првите информации кратко по нападот.

„Русите нападнаа трговски центар во центарот на Павлоград пред околу еден час. Нападот се случи среде бел ден, додека на улиците имаше многу луѓе. Според првичните информации, загинаа две лица. Изразувам сочувство до нивните семејства и најблиски. Повредени се најмалку 18 лица, а на терен се наоѓаат спасувачки екипи и полиција“, изјави Вихивски.

Шефот на воената управа на Днепропетровската област, Олександр Ханжа, подоцна соопшти нови податоци.

Околу 18 часот, тој потврди дека бројот на загинати се искачи на три, а бројот на повредени на 34.

Само дваесет минути подоцна, Ханжа ја соопшти конечната бројка на жртви.

Бројот на загинати се искачи на четири, додека повеќе од 60 лица беа повредени.

Меѓу повредените има три деца, момчиња на возраст од 13, 14 и 15 години.

Сите повредени се пренесени во болница и се под лекарски надзор.

Би можело да ве интересира

Небензја: Москва не се согласува на замрзнување на конфликтот во Украина

А1он

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Дојава за поставена бомба во авион кој леташе кон Варшава, леталото вонредно слета, аеродромот е затворен

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

„Фајненшел тајмс“: Русија бeше подготвена да се повлече во 2023 година, Зеленски го одби предлогот

А1он