МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

Од:

Од МВР го потврдија апсењето на помошник директорот на бизнис администрација во Цариската управа. Велат дека тој е фатен со мито од 17.500 евра

„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР постапува во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК. Во рамки на преземените мерки и активности лишено од слобода е лице вработено како помошник директор во Царинската управа. Лицето е затекнато при примање на претходно обележани парични средства во износ од 17.500 евра. По целосно документирање на случајот до ОЈО за ГОКК ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, велат од МВР.

Џ.И. вработен во Царинската управа како помошник-директор на Секторот за администрација е уапсен откако побарал мито поврзано со тендер во Царинската управа.

МВР, преку Бирото за јавна безбедност, обезбедило обележани парични средства кои му биле предадени на осомничениот.

По преземањето на парите, директорот не застанал на полициските наредби и се дал во бегство.

По преземените мерки и активности, полициските службеници го фатиле и го лишиле од слобода.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Уапсен е гостиварец (60) – со години ја принудуваше својата мајка (80) да питачи на улица

А1он

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари