Уапсени две Бугарки во Крагуевац – крадеа паричници

Од:

Полицијата во Крагуевац уапси две бугарски државјанки Т.Д.(51) и И.И.Н.(19), под сомнение дека извршија повеќе кражби на подрачјето на тој град, соопшти Полициската управа во Крагуевац.

Тие се сомничат дека крадеа паричници од неколку граѓани на автобуска станица, а полицијата ги фати на дело при извршување на една од кражбите.

При апсењето, кај нив е пронајден паричник со пари, платежни картички и лични документи, за кој постои сомнение дека е украден.

На осомничените им е одредена мерка задржување до 48 часа по налог на Основното јавно обвинителство во Крагуевац, по што ќе бидат изведени пред обвинителството заедно со кривична пријава, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

(ВИДЕО) Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија

Паника во Бугарија: Тешко вооружен дрон експлодира на бугарска територија

Уапсени се двајца арамии кои крадеа само луксузни автомобили