Фон дер Лајен најави 200 милиони евра за Гренланд: Мора да остане со Европа, не со САД

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на посетата на Гренланд најави пакет финансиска помош во вредност од 200 милиони евра за островот, кој во последните месеци се најде во центарот на интересот на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Европа донесе одлука – да биде поприсутна и поангажирана на Гренланд и на Арктикот“, изјави таа на прес-конференција во Нук, главниот град на Гренланд.

Фон дер Лајен денеска ја завршува дводневната посета на Гренланд, кој има статус на автономна територија во составот на Данска.

„Гренланд мора да остане со Европа, а не со Соединетите Американски Држави“, повтори претседателката на Европската комисија за време на посетата, пренесува Франс прес.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Сцените од Сеута се неприфатливи

А1он

Порака за Трамп: Гренланд „не е на продажба“, Данска е подготвена да го брани „секој сантиметар“

Горан Наумовски

Премиерот на Гренланд предупредува: Подгответе се за инвазија, подгответе резерви од храна и вода

Горан Наумовски

Трамп тврди дека испратил брод во Гренланд; пристигна одговор од Данска

Данска верува дека САД не се откажаа од Гренланд

А1он

Германските „Еурофајтери“ и се приклучуваат на арктичката мисија