(ВИДЕО) Пожарникарите се борат да спречат пожарот да навлезе во боровите шуми на Јасен

Од:

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека сите три авиони „Ер трактор“ се вклучени во гаснењето на пожарот кој од подрачјето на Македонски Брод се шири кон ловиштето „Јасен“.

Воздушната поддршка им помага на екипите на терен, кои се обидуваат да го спречат ширењето на огнената стихија.

„Засега огнот не е толку низок, но доколку навлезе во боровата шума, може да ни се повтори она што ни се случи“, предупреди Ангелов.

Активен е и пожарот во атарот на селото Селце, на границата меѓу општините Струга и Дебар. На терен интервенираат пожарникарите од Струга, а рано наутро ќе бидат испратени и дополнителни екипи, бидејќи огнот сè уште не е целосно ставен под контрола.

Ангелов соопшти дека во попладневните часови биле регистрирани повеќе од 20 нови пожари, што дополнително ги оптоварува пожарникарите и останатите служби.

Тој изрази надеж дека пожарот нема да навлезе во ловиштето „Јасен“, нагласувајќи дека долж огнената линија се дејствува со сите расположливи сили.

Ангелов предупреди дека претстојат уште неколку тешки денови и повторно апелираше до граѓаните да бидат исклучително внимателни

Би можело да ве интересира

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Ангелов: Мирисот на чад што го чувствуваат граѓаните на делови од Скопје е од пожарот во месноста Рамно

Горан Наумовски

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Ангелов: Активни се шест пожари на отворен простор, најкомплексен е пожарот кај Рамно во Општина Чучер Сандево

Маж од Македонски Брод e приведен поради пожарот во Брезница

Активни се шест пожари на територијата на Македонија