БиХ го повлекува персоналот од Амбасадата во Белград: Односите со Србија ги сведуваме на минимум

Од:

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, на прес-конференција најави дека ќе го повлече целиот персонал од Амбасадата на БиХ во Белград поради однесувањето на српските функционери по смртта на воениот злосторник Ратко Младиќ.

Конаковиќ изјави дека од Амбасадата ќе бидат повлечени сите вработени, освен амбасадорот и конзулот, бидејќи тој нема овластување да ги разреши. Амбасадорите и конзулите ги именува Претседателството на БиХ.

Нивните работни обврски во иднина ќе ги извршуваат вработени во амбасадите на БиХ во Црна Гора и во Хрватска.

Шефот на дипломатијата на БиХ се одлучил на овој чекор по денешниот погреб на Ратко Младиќ во Белград, на кој присуствувале голем број функционери од Србија и од еден дел на Босна и Херцеговина.

Претходно, во Србија била одржана и комеморација, додека медиумите и државните функционери постојано поттикнуваат величење на осудениот воен злосторник, како и на злосторствата што ги извршил.

„Кулминацијата беше синоќа, на натпреварот на Црвена звезда, со пораката ‘Правец Поточари’. Тоа е последниот аларм за тревога“, порача Конаковиќ.

Иако нема овластување целосно да ги прекине дипломатските односи на БиХ со Србија, Конаковиќ очекува дека ќе успее да го повлече целиот персонал и на тој начин да го остави амбасадорот Александар Врањеш сам во Белград.

„Кога би можел, уште денес би ги прекинал дипломатските односи со Србија. Ќе направам сè што е во моја надлежност за односите да ги сведам на најниското можно ниво. Ќе ја скратам и ќе ја намалам секоја комуникација со нив. Ќе ги повлечеме сите луѓе што можеме да ги повлечеме, а конзуларните работи ќе ги префрлиме во Загреб и во Подгорица“, изјави Конаковиќ.

Покрај сведувањето на односите со Србија на минимум, Конаковиќ рече дека подготвил и повеќе дипломатски ноти поради однесувањето на Србија.

„Денеска подготвивме неколку нацрти и испраќаме писма со различни пораки. Најпрво, јавно ја прашувам Европската Унија: ‘Дали навистина ги почитувате сопствените принципи? Дали го заштитувате она што нè обврзавте да го следиме?’ Ова првенствено е прашање на безбедносната политика. Ќе имам голем број телефонски разговори, а можеби и неколку посети, бидејќи ова е прашање од суштинско значење за БиХ. ЕУ мора да покаже дали ќе го толерира она што никогаш не би го толерирала во рамките на Унијата. Писмото до членките на Организацијата за исламска соработка ќе има своја специфичност. Тие ми кажаа две работи – дипломатијата на Вучиќ успеала затоа што со години била активна во промовирањето лаги, додека нашата била пасивна во промовирањето на вистината. Сега ќе им објасниме дека таа лага била измама“, изјави Конаковиќ.

Би можело да ве интересира

Денеска е погребот на Ратко Младиќ

А1он

Огнена стихија во БиХ и Црна Гора: Сараево се задушува во густ чад

Горан Наумовски

Комеморација во Белград: Граѓани му оддаваа почит на Ратко Младиќ

Горан Наумовски

Дарко Младиќ: Татко ми пред мои очи беше убиен во Хаг!

А1он

(ВИДЕО) Телото на Ратко Младиќ пречекано со воени почести, на погребот се очекуваат десетици илјади граѓани

A1on

Од Хаг потврдија дека телото на Младиќ е пренесено во Србија и изразија солидарност со жртвите

A1on