Захарова: Распоредувањето ракети во Норвешка негативно влијае на односите меѓу Русија и САД

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека американските ракетни системи во Норвешка ќе бидат под посебен надзор на руските сили и оцени дека распоредувањето на ракетите негативно влијае на односите меѓу Русија и САД.

„Потезите како што е распоредувањето на американски ракети со копнено базирање во Европа, кои ја загрозуваат Руската Федерација – благо кажано – ќе ги поништат предусловите за конструктивен разговор со Соединетите Држави за стратешки прашања“, напиша Захарова во соопштение, пренесе „Спутник“.

Според неа, ракетните системи можат да се користат за лансирање ракети „Томахавк“, а нивното распоредување во Норвешка овозможува покривање на значителен дел од европскиот дел на Русија, вклучително и Москва.

Би можело да ве интересира

Русија подготвена да им испорача на САД неограничени количества дизел, три танкери веќе пловат кон Северна Америка

Трамп доби уверување од Путин дека Русија нема агресивни намери кон Европа

А1он

Захарова: Британски воени објекти и техника може да бидат цел на руски напад

Фон дер Лајен е лажга, вели Марија Захарова

Захарова: За Зеленски, војната е како казино

А1он

Захарова му порача на Макрон: Погледнете ги сликите од убиените деца во Старобељск

А1он