Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

Од:

Двајца напаѓачи на мотоцикл пукаа кон петмина скопјани доцна синоќа во скопската населба Дуќанџик.

Пукањето во МВР е пријавено околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата на улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“.

Според полицијата, во моментот на нападот Д.Г. (29), А.Џ. (24), К.Б. (36), Е.Б. (25) и А.М. (26), стоеја пред излог на фирма, а пред нив застана мотоцикл на кој имаше две лица.

Од мотоциклот е пукано со огнено оружје кон групата, по што двајцата напаѓачи побегнаа.

Еден од проектилите го погодил А.М (26), кој со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што почина.

Од МВР не соопштуваат дали напаѓачите се идентификувани, ниту кој е можниот мотив за убиството.

Би можело да ве интересира

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

Осум куршуми завршија во 12 годишно девојче – терористот уби случаен минувач, четворица се ранети

А1он

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка