Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Од:

Владината прес-служба денеска извести дека возачот Д.Ц. е уапсен за примање поткуп, на претходно обележани парични средства, по што е уапсен.

– Првичната пријава за незаконскиот поткуп потекнува и е на иницијатива на институциите на кои им било пријавено барањето за поткуп. На 4 септември 2026 година, осомничениот е затекнат при примопредавање на 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра, кои претходно биле обележани. Истото лице во моментот на незаконското делување работело и остварувало задачи како возач за потребите на Генералниот секретаријат на Владата, откако претходно засновало работен однос по примерот на сите останати институции во Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Оваа акција беше спроведена претходно во соработка со службите на МВР, при што беа дадени бележани пари и целата акција е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата. Со овој случај се покажува дека законите важат за сите, се докажува волјата и целта на Владата да се бори против корупцијата. Со ова се подвлекува јасна граница помеѓу оние кои сакаат злоупотреби и сите други кои се борат против нив. Ова е уште еден пример како преку заедничка соработка на органите и институциите може да се спроведе правда, се вели во соопштението за јавноста.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

Кривична пријава против Сијарто поради сомнежи за поткуп

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите