Нова ескалација: Експлозии се слушаат кај иранскиот остров Харг

Од:

Експлозии се слушнале во близина на иранскиот остров Харг во Персискиот Залив, објави новинската агенција Фарс.

Потеклото на експлозиите сè уште е непознато.

Островот Харг се смета за клучен нафтен терминал.

Минатата недела, американскиот претседател Доналд Трамп објави видео генерирано од вештачка интелигенција на социјална мрежа на коja се гледаат американските сили како го напаѓаат Харг, со коментар дека островот е „разнесен на парчиња“.

Потоа, извршниот директор на Националната иранска нафтена компанија Хамид Бовард рече дека немало напади и ги нарече најавите на Трамп „смешни“.

Бовард потсети дека американските и израелските сили во минатото повеќепати го бомбардирале овој остров, од каде што потекнуваат околу 90 отсто од иранскиот извоз на нафта, но дека ниту тогаш работните активности не биле прекинати ниту за момент.

Би можело да ве интересира

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

(ВИДЕО) Верски лидери повторно се молеа над Трамп во Белата куќа за заштита од злото

Горан Наумовски

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација