Голема загуба за сточар од Чашка: Гром усмрти 107 овци

Од:

Трагедија се случила на планината Јакупица, каде што гром усмртил 95 овци од стадо на 37-годишен сточар од селото Горно Јаболчиште, Општина Чашка.

Невремето го зафатило поширокиот велешки регион на 2 септември попладне, а громот удрил во стадото кое се наоѓало во близина на врвот Солунска Глава. За среќа, во моментот на ударот во тој дел од планината не се наоѓале овчарот и поголемиот дел од стадото.

Според информациите од велешката полиција, громот удрил околу 19:30 часот, на околу 500 метри под врвот Солунска Глава.

„На 2 септември во СВР Велес е пријавено дека околу 19:30 часот на планината Јакупица, на околу 500 метри под врвот Солунска Глава, од удар од гром угинале 95 овци сопственост на Т. У. (37) од село Горно Јаболчиште, Општина Чашка“, соопшти портпаролката на СВР Велес, Ана Милевска-Ѓеоргиева.

Стадото броело околу 1.200 овци, што значи дека во несреќата угинале значителен број животни.

По настанот, сопственикот го известил и инспекторот од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

На местото на настанот, на надморска височина од околу 2.500 метри, извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес и инспектор од АХВ.

Настанот е пријавен и се преземаат соодветни мерки за утврдување на сите околности поврзани со угинувањето на овците.

Би можело да ве интересира

Гром усмрти американски турист на Етна во Сицилија

А1он

АХВ: Ја следиме состојбата со сипаниците кај овците и навреме преземаме мерки

Овчарите бараат итна вакцинација против сипаници и повисоки обесштетувања

(ВИДЕО) Застрашувачка сцена: Гром уби фудбалер за време на натпревар

Горан Наумовски

Гром удри жена на плажа во Хрватска – носеше чадор за сонце

А1он

Најмалку тројца убиени во американските воздушни напади врз Хормузган во јужен Иран