Трамп со жестоко предупредување: „По Израел, Иран би ја нападнал Европа“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се соочуваат со Иран за да го заштитат Израел, Блискиот Исток и сопствената безбедност.

Трамп претходно ја увери израелската јавност дека нема причина за страв, во услови на најновата ескалација на конфликтот со Техеран.

„Го правиме ова за да му помогнеме на Блискиот Исток. Го правиме ова за да му помогнеме на Израел. Го правиме ова за да си помогнеме себеси, бидејќи ако не бевме ние, откако ќе го уништат Израел, што би биле многу среќни да го сторат, а потоа и Блискиот Исток, ќе ја нападнат Европа и некои од нашите градови“, рече Трамп.

Американскиот претседател нагласи дека САД „постигнуваат многу добар напредок“ во конфликтот со Иран.

Во интервју за израелската телевизиска станица Кан, Трамп рече дека Израел не треба да се плаши од моменталната ситуација.

„Израел не треба да се грижи. Знаете зошто? Бидејќи јас сум претседател и ќе се грижам за Израел“, рече Трамп.

Неговите изјави доаѓаат во време на обновена ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран, додека вниманието на меѓународната јавност повторно е насочено кон можноста конфликтот да се прошири надвор од Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

(ВИДЕО) Верски лидери повторно се молеа над Трамп во Белата куќа за заштита од злото

Горан Наумовски

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран