Едно лице настрада во сообраќајна незгода што вчера се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, на излезот од Охрид во близина на локалитетот „Мауцкер“.
Како што се посочува во информацијата од полицијата, во СВР Охрид e пријавено дека патничко возило „хјундаи гец“ прво удрило во кучиња скитници, потоа во металните браници покрај патот и се запалило.
Екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид го изгаснала пожарот, а во возилото било пронајдено телото на лицето коe управувало со возилото.
По наредба на јавен обвинител, телото било предадено во Судска медицина на обдукција и за утврдување на идентитетот на лицето.
Од СВР Охрид додаваат дека бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид.
За време на увидот, сообраќајот на магистралниот пат бил пренасочен по регионалниот пат Охрид-Струга.
