Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека „не се обидува да го натера Иран“ да седне на преговарачка маса, откако ABC News објави дека Вашингтон се обидува да го принуди Техеран на преговори. Трамп го обвини медиумот дека шири лажни вести.
„Воопшто не ме интересира дали ќе потпишат безвреден договор, барем за нив. Многу повеќе ми се допаѓа нашата сегашна позиција, со речиси целосна контрола над Ормускиот теснец и нивната економија која целосно се урива“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп додаде дека Иран се соочува со „неизбежното“, без дополнително да прецизира на што точно мисли.
