Петти ден без прекин: Руски дронови повторно го нападнаа Киев

Од:

Нападите врз Киев продолжија во текот на ноќта, додека украинската противвоздушна одбрана во главниот град соборуваше руски беспилотни летала, соопштија украинските власти.

Како што се наведува, украинската противвоздушна одбрана повторно дејствувала во центарот на Киев, при што биле соборени неколку руски дронови над градот, пренесе „Киев Индипендент“.

Пожари биле регистрирани на повеќе локации низ градот додека продолжувал рускиот напад врз Киев, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.

Пожар избил во градската населба Дарницки како последица на пад на соборен дрон. Во населбата Соломјански се запалила шумска површина, додека во Холосијевски остатоци од дрон биле пронајдени на две различни локации.

Многу силна експлозија го потресла центарот на Киев околу 22:17 часот.

Претходно во текот на денот, Киев се соочил со петти последователен ден на непрекинати напади со руски беспилотни летала на млазен погон. Во руските напади врз други региони во текот на изминатиот ден загинале најмалку седум лица, а 45 биле повредени, соопштија властите, пренесува „Танјуг“.

Во последните денови во Киев е забележан рекорден број воздушни тревоги. На 28 август во главниот град биле регистрирани 13 тревоги, што е најголем број од почетокот на руската инвазија врз Украина, пренесе весникот.

Би можело да ве интересира

Во украинските напади врз Белгородската област загина цивил, 16 лица се повредени

Дмитриев: „Дијалогот меѓу Русија и САД продолжува, и во економската сфера“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Украина го нападна Белгород: Двајца загинаа, а 16 лица се повредени

Горан Наумовски

Лавров: Военото присуство на НАТО на Арктикот е директна закана за Русија

Нова закана од Москва кон Лондон: Британија и Русија се приближуваат до опасна линија

„Економист“: Путин е заробен во сопствената војна – поразот може да биде фатален