Иран: Супертанкер налета на мини во Ормутскиот теснец и се запали

Од:

Супертанкер се запали и целосно застана откако удри во две поморски мини во Ормутскиот теснец, соопшти денес Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).

„Пред неколку часа, супертанкер кој се обидуваше да помине низ нелегална рута јужно од Ормускиот теснец се запали и целосно застана откако беше погоден од две поморски мини“, соопштија од Гардата, објави Тасним.

Морнарицата на ИРГЦ наводно повторно предупредува дека „судбината на бродовите што ги кршат безбедносните прописи на Ормутскиот теснец нема да биде поинаква“.

Би можело да ве интересира

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Студентка во Иран e осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски

Нетанјаху: Израел не планира превентивен напад врз Иран, но ќе одговори ако биде нападнат

Хемати: Американците се во заблуда дека иранската економија се урива

Горан Наумовски

Канал 12: Нетанјаху му предложи на Трамп да ја обнови војната против Иран пред изборите