Редовен клиент на лотарија во Едрене, Турција, ја освои главната награда од 142.270 евра откако купи грепка за 1,78 евра.
Добитникот ја купи грепката во продавница на улицата „Сарачлар“, а откако ја изгреба и го виде добитокот, побара од продавачот да потврди дека навистина ја освои главната награда, пренесе „Хуриет“.
Грепката беше скенирана и добитокот потврден.
Партнерката на сопственикот на продавницата, Севда Четин, изјави дека добитникот остана многу смирен и не покажа возбуда.
Таа додава дека по освојувањето на големата награда, побарувачката за грепки од 1,78 евра се зголеми, поради што лотариите во Едрене ги распродадоа сите залихи.
Четин наведе дека и претходно во таа продавница се освојувани големи награди, вклучувајќи добивки од околу 71.130 евра и 35.570 евра.
