Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

Од:

Водата во неколку села во близината на Тетово не е за пиење, соопшти тетовското јавно комунално претпријатие (ЈКП) „Шар“.

„Се информираат сите жители на селата Порој, Џепчиште, Голема Речица и Мала Речица од гробиштата во Мала Речица до Голема Речица дека, по извршените анализи за квалитетот на водата, е утврдено дека водата не ги исполнува условите за употреба како вода за пиење. Поради тоа, се забранува користење на водата за пиење сè до следното известување од надлежните институции”, соопшти „Шар“.

„Шар“ не е надлежно за водоснабдувањето на овие села, бидејќи тие не се снабдуваат со вода од градскиот водоснабдителен систем на Тетово со кој управува претпријатието. Но, како што велат, поради важноста на ситуацијата и заради заштита на јавното здравје, се повикуваат сите жители да ја почитуваат забраната и да не ја користат водата за пиење, сè до добивање резултати кои ќе потврдат дека водата е безбедна за употреба.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар – водата е чиста и безбедна за пиење

Петрушевски: Филипче кој е на Егејот има симптоми на сончаница, целосно е дезориентиран, граѓаните да немаат грижа – водата во Гостивар е безбедна за пиење

A1on

Хибриден напад се пораките дека водата во Скопје е загадена, рече Мицкоски

A1on

Ангелов: Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната власт што траеле со години

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар