Левица: Планира ли некој да ја извести Јаневска дека студентскиот оброк, спротивно на Закон, три години не е покачен или свесно продолжува да лаже?!

Од:

Откако неколкупати ѝ укажавме на Весна Јаневска дека студентскиот оброк останал закован на 140 денари од 2023 година, министерката реши да оди чекор подалеку и сега соопшти дека не планира ни да го зголеми, бидејќи, замислете, „студентите не се пожалиле“. Ова веќе го оценуваме како кулминација на дрскоста. Министерката од нас беше јавно предупредена дека постои законска обврска за усогласување, пред носењето на буџетот, а таа сега се однесува како примената на закон да зависи од тоа дали некој студент ѝ се пожалил во кабинет. Од кога законските права во Македонија се активираат со поплака до Весна Јаневска, наглауваат од Левица.

– Ајде уште еднаш, бидејќи очигледно никој во МОН и УМС нема храброст да ѝ објасни на министерка што прави нејзиното Министерство. Кога ДПМНЕ дојде на власт во 2024 година, студентскиот оброк изнесуваше 140 денари (што впрочем и самата Јаневска го призна на ТВ24). 140 денари изнесува уште од 2023 година. На 14 август 2024 година, веќе со Јаневска на чело, МОН распишува јавен повик за субвенциониран студентски оброк во износ од 140 денари. Во април 2025 – повторно 140 денари. За академската 2025/2026 – повторно 140 денари. И денес повторно за 140 денари. Доволно е Министерката да го отвори најновиот јавен повик на сопственото Министерство. Таму нема ни 147, ни дополнителни 20 денари со кои продолжува да лаже дека се зголемил студентскиот оброк по доаѓањето на ДПМНЕ.

А кога веќе Јаневска смета дека 140 денари се доволни, нека им објасни на студентите каков здрав, пристоен и нутритивно вреден оброк денес можат да купат за 140 денари. Цените на храната не останаа на нивото од моментот кога беше утврден овој износ. Само студентската субвенција остана иста, повторно ќе укажеме – спротивно на закон!

Тука најдобро се гледа класната безобразност на оваа вмровска власт. За функционерските привилегии никој не чека министрите да се пожалат. Никој од власта не предлага тие први да се откажат од удобностите што ги плаќаат граѓаните за да покажат дека може да се живее скромно. Но кога станува збор за студентски ручек, одеднаш секој денар е проблем и студентите требало прво да молат за да добијат нешто што не е милостина од ДПМНЕ, туку законски уредено право. За власта комфор, за студентот 140 денари и совет да не се жали. Тоа е целата младинска политика на ДПМНЕ. И затоа Јаневска нека престане да ги прави студентите будали. Владата на ДПМНЕ во ниту еден момент не го покачила студентскиот оброк, а согласно Законот кој е на сила – државата ги има ограбено студентите за околу 6,5 милиони евра, тврдат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја распродава енергетската иднина на Македонија со дата-центар во Пехчево

Левица: Муцунски во Израел ја загрозува безбедноста на македонските граѓани врзувајќи ги со осомничени воени злосторници

Апасиев: Неспособни тендераши не убедуваат дека комарците се размножувале во вазните за цвеќиња на гробишта

А1он

Мециновиќ: Eдинствени сме кои можеме да ги мобилизираме и да подадеме рака на сите елементи во општеството

А1он

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка

(ВИДЕО) Мустафаоглу: Градот брои само прелетани хектари, не го интересира ни со што, ни дали ефективно и воопшто се прска против комарци

Горан Наумовски