Иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Казем Гарибабади, денес изјави дека Иран и Оман преговараат за транзитен договор низ Ормускиот теснец во последните 40 дена и се согласиле за привремена рута широка седум милји (11 километри), со влезна точка и дел од излезната рута што минува низ иранските територијални води.
– Се согласивме со Оман дека влезната рута во Ормускиот теснец ќе биде низ нашите територијални води, а дел од излезната рута исто така ќе биде низ нашите територијални води, рече Гарибабади, објави Ал Џезира.
Тој додаде дека договорот со Оман „не значи отворање на Ормускиот теснец“ и дека активирањето на заеднички договорената рута „значи затворање на јужната рута во теснецот“ што САД ја отворија „под притисок од Оман“, што, според него, го крши меморандумот за разбирање меѓу двете земји.
Гарибабади рече дека предложената мапа за минување низ Ормускиот теснец доаѓа од иранските вооружени сили и дека ќе следат преговори за траен договор.
