Кремљ: Велика Британија долева масло на огнот во украинскиот конфликт

Од:

Велика Британија редовно додава масло на огнот на украинскиот конфликт и кова заговор против мировниот процес, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Велика Британија учествува во конфликтот против Русија на страната на режимот во Киев, изјави Песков на новинарите кога беше прашан за ставот на Кремљ во врска со посетата на британскиот премиер Енди Бернам на Украина и плановите на Лондон да му обезбеди на Киев класифицирани информации за британските компоненти за ракетите „Сторм Шедоу“.

Руските сили спроведуваат соодветна работа, собираат релевантни податоци за да ги идентификуваат местата за производство на вакви ракети и друга воена опрема и преземаат мерки за уништување на овие места, нагласи Песков.

Даунинг стрит денес соопшти дека премиерот Енди Бернам планира да објави дека владата се согласила одбранбената фирма MBDA да може да споделува класифицирани информации за британските компоненти за ракетата со долг дострел SCALP во контекст на плановите на Украина и Франција за воспоставување локални производствени линии во Украина.

Би можело да ве интересира

Барнам од Киев: Украина е првата линија на одбраната на Европа, поддршката продолжува и покрај заканите од Москва

Украина пронајде уште еден партнер за моќно оружје

(ВИДЕО) Руската војска собори ракета „Фламинго“ ФП-5 со митралез

Москва: Киев ја отвори Пандорината кутија, одмаздата ќе ја чувствува секој ден и ноќ

Путин: Нема толеранција за величењето на нацизмот

А1он

Два распродадени концерти за Кание Вест во Санкт Петербург, Кремљ се дистанцира од шпекулациите за Путин

Предраг Петровиќ